ни (зам.) - иде (гл.)

Момчињава толку се истошени, та ни оган не ќе отворат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаше големи поводи да се пишува за нашата голема несреќа, особено кога ни идеа вестите одовде, преку границата, за ликвидирањето на нашиот чичко, за свирепото однесување кон многу припадници од нашето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
СОФРЕ: Камо вакви гости да ни идат секогаш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А и грмотевиците ни идат одоколу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни иде и да пееме и да плачеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отсекаде ни иде за смеење, и отсекаде ни излегуваат вошки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Иии, ене го Силјан од Коњари; ене го Силјан од Коњари кај ни иде на гости.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)