ни (зам.) - држи (гл.)

Ќе ни доаѓаат партиските секретари, кои ќе ни држат говор, а потоа ние заедно ќе имме многу митинзи и ќе одиме во Солун, па дури и во Атина да го слушаме Захарјади кој ќе ни зборва за новите победи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете ги, најљубезни браќа, малиот збир на правила, толку неопходни за секој, кој сака со успех да блеска во помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
12. Ќе одиме во потера, а командирот ни држи краток политички час: Ќе го ширите братството и единството со сите луѓе, без разлика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денот е одминат, ама снегот уште ни држи светлина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- А тој, свекор ми, ќе ни држи свеќа, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да те пуштам да легнеш со свекор ми? - Пушти ме и ќе видиш со кого ќе легнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)