ни (зам.) - бил (гл.)

Хахаха, иако бил христијанин, тој изгледа многу ни бил сличен во однос на жените. Такви ли се сите Власи, ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во тоа време децата од преку-преку-дедови ни биле многу лоши; не ги слушале таткови си и мајки си, а пак татковите и мајките ич не ги повелале, триста лошотии правеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа беа психолошки реакции на закана однадвор, на разорување однадвор – реакција на неволја што нѐ снашла однадвор, што ни била нанесена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По секоја средба со него се чувствувам убаво, радосно и секогаш си велам: „Кога сите луѓе би биле како мојот професор, животот би ни бил многу поубав, почовечен.“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овој миг сенките им се придружуваат на предметите: предметите се претвораат во сенки па кога би посакале да го посматраме двоењето на она што е едно таа тага би ни била ускратена.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сакам, така, одоколу да го помолам да не си го кине срцето. Така ни било заведено од наречниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)