нејзе (зам.) - ќе (чест.)

Кога ја забележа Мајка, замолча за миг, но, верувајќи дека и нејзе ќе ѝ биде блиска пораката, тој гласно продолжи: - Еве, донесов за преведување стари отомански записи за лековитите билки на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Итака пукавме на смена, и ќе речам дека само мојата пукаше, — го 'ослободи Шаќир Ѓура и ја викна бабата Цвета, та и ја предаде Јовановата манлихера, а оваа ја смести во сурмето на малото вратниче, каде уште во ѕидањето имаше резерва место за една пушка зад сурме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И нејзе ќе и го најдеме чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми рече дека кај нејзе ќе дојде девојката Диана којашто е од Виена и којашто исто работи ау паир и некои дечковци Французи што ги запознале со Дијана пред некој викенд на Монмартр.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мислеше како чичко Раде и понатаму за нејзе ќе биде само чичко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Да ја задржиме, те молам“, и додека тој не сакаше да чуе, таа му повторуваше: „Каде нашите две, таму и за нејзе ќе има!“ Остана.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, трагично во целиов овој случај е тоа што, и покрај постоењето на судска пресуда во нејзина корист, бидејќи во меѓувреме млекарницата од државна се трансформира во приватна сопственост – Ангелеска сè уште, до ден денес, по изминати речиси 14 години, го нема добиено паричниот надоместок кој ѝ е досуден, а коешто побарување веќе е и застарено!?6 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ти нејзе ќе ја учиш, глупачке ниедна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Миру ја истка специјално за мене пред да го завршам мојот килим – рече Игбал. – Мислам дека и нејзе ќе ѝ успее еднаш да лета како што летаме ние двајцата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти бе, Брезо, не разбираш дека станува збор за тактика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само ако таа не спие, нејзе ќе ѝ биде многу драго.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така е љубов, ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе и прави метании, а тебе не ќе те погледнува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За пола час, или така некако, нејзе ќе ѝ биде добро.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да, можеби тоа е проблемот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
дечињата си беа дечиња ама веќе ја знаеја приказната за садако сасаки нивна врсничка од оние времиња што се паметат по хирошима она девојче садако сасаки кое решило да свитка илјада книжни жерави надевајќи се дека нејзе ќе и донесат здравје а на светот мир она девојче садако сасаки коешто смртта го запре на бројот 664 та жеравите останаа недосвиткани како кошулата на ленка во песната на македонскиот поет кочо рацин.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Можеби веќе нема да се во Ајдахо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби веќе нема да се заедно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не размислува што нејзе ќе ⥊ биде потребно зиме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)