некој (зам.) - чудесно (прил.)

Сепак, неговoно отменo и левтернo потценување покажува какви сѐ пречки мора да совладува секоја драма за страсното женско чувство, за напнатоста и за судирот меѓу постарите и помладите жени, пред да ја пуштат културно повластените мажи во оној заштитен, ексклузивен забран на трагичната сериозност (каде што Долго патување во ноќта, Смртта на трговскиот патник и Сите мои синови некако, по сила на некое чудесно културно волшепство, крајно пркосејќи им на сите противдокази, успеваат да излезат неизнасилени – дури ни „малкуцка“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другар ми не згреши сосема за филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот го доживеав како длабоко потресен и го сфатив сериозно, па се изненадив – и спласнав – кога другар ми, и самиот остварен драмски писател, баш кога се палеа светилките, благо, но прекорно, ми рече: „Дејвиде, малкуцка беше изнасилено“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Кога се сети дека е ноќ се насмеа со чуден глас: - Штета, беше темнина, нели? - праша и ми ја пушти раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека образот почнуваше да му се осветлува, и однатре, како од некое чудесно ламбиче, тој ги гушкаше како деца што ги задржува уште малку, уште малку, пред да му избегаат од куќи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)