некој (зам.) - скоро (прил.)

Оние со кои сега се среќава се сите млади луѓе, некои скоро дечишта, гимназисти, безгрижни и наметливи, иронични спрема него дека не може да ја совлада слабоста да се прави важен, а тие го надминуваат и го оставаат назад во шаховската трка, претставници на една нова генерација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првите светилки на Градот, придавени од темнините, нејасните контури на стражарите – чувари на ноќта, Дворецот, масивен, а недопирлив – сета таа атмосфера на притаена закана, во исто време на величенственоста на подземјето – не го исполни ниту со морничавост, ниту со одбивност, туку за чудо, со некое скоро носталгично чувство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)