некој (зам.) - непознат (прил.)

На Татко му беше јасно дека, всушност, сѐ додека биде во Судот, ќе мора да врви како врз оптегнато јаже кое лесно, во некое непознато време, може да се употреби и како јамка околу неговиот врат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но тоа не беше вистинско непријателство; беше повеќе претпазливост, моментално вкочанување, како кога поминува некое непознато животно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, меѓутоа, јас не знаев да ја читам азбуката на телото, иако во некои нејасни претстави нејзиното тело го споредував со вжарен запис од некое непознато писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Како не знаеш? И вие сте меѓу себе седум години разлика, како јас и Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Поим немам каква била, не се сеќавам – одговори мајка ми како да ја прашувам за некое непознато суштество, а не за нејзината најмала сестра.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој самиот вели: „Поставувајќи си за цел да се најдам во Англија, сметав дека ќе попаднам не во некое непознато продолжение на младоста, туку назад, во колоритното детство, на кое токму Англија, нејзиниот јазик, книги и предмети му придаваа китнест изглед и волшебност.”
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некој ќе го земе со автомобил, ќе го изгушка и ќе го однесе на некое непознато место додека јас седам заклучена надвор од тој свет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш мислев дека проблемот е во нив, но сега мислам дека знам во што била работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од таа светлина, вели, наеднаш ќе се измолкне некое непознато привидение и брзо- брзо ќе ме одмине.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако и човекот и жената избегнуваа да им се сретнат погледите и самите пред себе се преправаа дека без некоја определена намера стојат крај прозорецот, и двајцата, така налактени еден спроти друг, трепереа од некое непознато исчекување, исплашени од убавината со која зрачеше оваа средба во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Љубовната страст, незнајна дотогаш, диво пламна во срцето на овој човек кој со години беше надвор од животот, па и оваа жена ја оттргна од домот и ја понесе како водовртеж.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)