некој (зам.) - чудесен (прид.)

Го отвораше прозорецот и лакомо дишеше од свежиот воздух чувствувајќи му ја неговата исцелителна моќ; и отпивајќи повремено од шишето вода што ја наполна од крајпатните извори каде што автобусот запираше, чувствуваше како му предава некоја чудесна сила, како го исполнува со енергија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ниту, пак, се обидуваше да имитира дрег-кралица кога ја прикажуваше Крафорд, дури ни кога таа нејзина кабуки шминка ѝ го претвори лицето во нешто како маска, ни кога вулканските ерупции на бес, самосожалување, очај и емоционална потреба по правило создаваа толку бизарен и толку недостоинствен телесен израз, што да биде неусогласена со конвенционалното женско отелотворение. Ѝ се оставило на машката геј-култура да ја усвои таа нејзина изведба и ни се оставило да си го запоседнеме за себе тој нејзин спектакуларен неуспех да го додржи сериозниот, моралистички приказ на една длабоко растроена и дисфункционална жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Феј Данавеј, од друга страна, не е дрег-кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето на Најмила мамичке од страна на машката геј-култура ги поттикнува геј-мажите да ја заземат таа абјектна положба, при што иронично ќе си ја присвоиме, идентификувајќи се со таквата разулавена женственост, истовремено одбивајќи да ја сфатиме буквално – со што ѝ се опираме на склоноста на филмот да ги третира жените како место на некоја чудесна, страшна, демонска другост, како носители на опасна и разорна емоционална претераност која, наводно, им била само ним присушта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ, исто така, одбива сериозно да ја сфати разулавената женственост на Џоан Крафорд и слично така ужива во неуспехот на Копола да проектира трагичен, автентичен лик на гламурозна жена што е на работ на нервен слом.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со месеци се немаат видено и тој е изненаден дека и таа има израснато високо, и не само што израснала и се пополнила, туку блеска со некоја чудесна убавина што се шири не само од нејзиното фустанче, туку и од нејзиното гласче, од насмевот во лицето, од затемнетото синило во очите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пена на Танаско, чиниш целата развлечена во насмевка, не ги потргнуваше очите од Пелагија. Ѝ се виде разубавена како китка и со некоја чудесна, волшебна светлина под разретчениот јаглен на кожата од лицето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Учителката стоеше достоинствено, насмевната и со некоја чудесна мајчинска топлина во гласот, со меко и долнавесто лице, со големи, тркалезни црни очи и едноставно Пела во себе ја замени со Богородица онаква каква што ја знаеше од црквите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Проклет да бидам, и дрвјата и птиците што слетале на нивните гранки се запределиле, златни пајажинести мрежи се веат по површината. Некои чудесни гнезда, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така секогаш заборавам што сум сонувала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Листот личеше на некоја чудесна пештера, а буквите што стоеја зад неа воопшто не се ни наѕираа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да се преселило во некоја чудесна сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)