некој (зам.) - фудбалски (прид.)

Не може да сакаш да играш во некоја фудбалска екипа, а да не го сакаш фудбалот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чекаше. Во кафеаната, гостилничарот и пет-шест гости, сите мажи, слушаа радио- пренос од некој фудбалски натпревар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сакав да бидам фудбалер, но не и да бидам фан на некоја фудбалска екипа или да гледам фудбалски натпревари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)