некој (зам.) - сув (прид.)

Тоа по детали го имав разработено како случка која би се случила, си реков чудејќи се зошто никако не ја тргам раката од гениталиите иако во дланката ги чуствувам како некоја сува крпа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чана знаеше дека деверот на Богородица ќе ги одведе на некое суво место да ја поминат ноќта, а за понатаму ќе слагаме напкумта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Посакуваше така смирена да поседи колку што може подолго, но здогледа некое делче од некое суво планинско цвеќе на футата и со прстот и показалецот внимателно го фати и го фрли онака во тревата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)