некој (зам.) - скршен (прид.)

Добро било да се потсетат на тоа време со некое заклано јагненце без да се прашат дали имаат некоја скршена за да го купат оти порано лесно било од сопствениот булук да одлачуваш не само за Илинден, туку за било која слава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одвреме навреме од длабочините на таа шума допираше само уште чкрткањето на некоја скршена гранка, или пак погибелниот писок на некој отчешнат пар, кој стивнуваше толку бргу, што се чинеше дека некој го придушил токму штом зинал да вресне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)