некој (зам.) - пуст (прид.)

Не, ова не е некое пусто место (во нас пустините се дамнешни болести) Под јазикот на змиите расте коприва а ветерот е питом како ѓурѓовденско јагне.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Си отишол царо на сарај и му наполнил една голема риба со алт'ни, та му ја пратил по еден измеќар негов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не може да е ова некое пусто место! шета мисла во Чана, а таа мисла е и во главите на другите од вагонот, а веројатно и во главите на другите во другите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
За „On the road“ прв пат слушнав од Јанош, кога приквечерта, во август `72, терајќи ги велосипедите кон Велс, скршнавме од автопатот по едно суво поле до некоја пуста колиба со полуразурнат покрив (можеби бивша штала, од која кравите одамна избегале).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, се спријателив со Словенецот Јоже и со Жозефин од Мартиник (со идентично име и татковина како Наполеоновата) во Париз, со Италијанката Џована и Јапонецот Хиро во Лондон, со Американецот Џонатан во Платамона, со издолжената Англичанка Вероника со црвеникава коса во Дубровник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш го пронајдов во една малечка мексиканска црква, која се наоѓаше на некоја пуста полјана, опколена со планини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Коа го виде пустио терзија царо, стори да стани, и царо го задржал да не стануа и му рекол: - Честити царе, прво не те видов оти врвиш ти, а пак јас сум многу сиромав и сум се стегнал да спечалам некоја пуста пара, та да си купам една куќарка и некое нивче за да си садам тутунчок или разјане, дури да ми втасаат дечињата и да си 'и главам, та да се раатисам барем на старос.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)