некој (зам.) - празен (прид.)

Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Акакиј Акакиевич прво мораше да мине по некоја празна слабо осветлена улица, но како што се приближуваше до станот на чиновникот, улиците стануваа сè поживи, понаселени и посилно осветлени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Разликата меѓу машката и женската тајна, според мене, е што машката е како балон, готов да пукне, а женската...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги вртам листовите и покажувам на некои празни места што ми стојат за сомневање. На белините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе зинам пак да викам, вели, и тоа е некое празно место, кај што никој не поминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму долу, тој се виде и себеси, гушнат со виолината, во некоја празна соба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)