некој (зам.) - определен (прид.)

Љубовната страст, незнајна дотогаш, диво пламна во срцето на овој човек кој со години беше надвор од животот, па и оваа жена ја оттргна од домот и ја понесе како водовртеж.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од допирот на седефот и од самиот поглед на него му се тресеа забите и морници му минуваа по кожата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако и човекот и жената избегнуваа да им се сретнат погледите и самите пред себе се преправаа дека без некоја определена намера стојат крај прозорецот, и двајцата, така налактени еден спроти друг, трепереа од некое непознато исчекување, исплашени од убавината со која зрачеше оваа средба во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)