некој (зам.) - нејзин (прид.)

Така се зароди во него мислата да дојде до макар каква ситница што ѝ припаѓа на Лила, до некое нејзино крпче или тетратка или молив со којшто пишувала нејзината рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во Њујорк извесно време работи со Карл Лајпцич и учи графика кај Стенли Вилијем Хаутер во неговото познато атеље 17 (кое за време на војната е преселено од Париз во просториите што му ги обезбеди New School of Social Research, во Њујорк).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во овој период стилот драматично ѝ се менува, со внесување на елементи од Надреализмот, и што 112 Margina #4-5 [1994] | okno.mk набргу ќе го привлече вниманието на Анри Бретон. (10) Покрај скулптури Мартинс исто така правела и накит, кој како и некои нејзини вајарски дела, содржи органски форми обликувани во експресивен манир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзината коса сè уште мириса на чисто во зачадената просторија, нејзината дланка веќе почнува по малку да се поти нежно стегната во неговата, а во ребрата го чувствува нејзиното срце – чука од некоја нејзина, за него сè уште непозната длабочина додека тој полека ја води, со сигурен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Можеби тоа беше некоја нејзина потреба да ги преиспита нештата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или е во прашање нешто друго. Некоја нејзина скриена подмолност. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше необично тоа смеење, како да го произведуваше некоја нејзина друга возраст што јас не ја познавав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека нејзината присутност не ме изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)