некој (зам.) - несфатлив (прид.)

Тоа е единствената причина поради која се воздржувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едно обично сознание едно од оние до коишто се доаѓа при крајот на животот: само смртта може да објасни некои несфатливи врски некои мрачни страсти некои зашеметувачки неовдешни екстази.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се плашам дека исповедта ќе заличи на плач, на тажаленка, а да не даде господ и на некоја несфатлива глупост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)