некој (зам.) - непознат (прид.)

Во дворот на чифлигот Муслиоски израстело едно дрво, круша, турено со грлести круши, дошол некој непознат, облечен во црвено, и почнал да ги чука крушите; некои паднале а тие што останале на дрвото, станале црвосани и суви и сами од себе окапеле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наговорила две други девојчиња да тргнат со неа, избегале од поворката и цело попладне го поминале следејќи некој непознат човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми зборуваше полугласно, но доволно јасно за да слушне и некој непознат од групата: - Да не си изнемоштен од напорното патување низ татковината?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Испрекинато свирење беше знак дека наидува некој непознат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Велат, дошол кај тебе некој непознат и таинствен човек, рус и со паларија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За сефте и добредојде, ме однесоа кај некои непознати луѓе (сега многу блиски пријатели).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Некој непознат страв што не им дава да станат, да се преместат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во долгите месечеви ноќи татко ми седи покрај својата макета и разговара со некои непознати луѓе, или со нивните сенки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некој непознат паразит, некоја ларва, габа, што ли...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше денови кога не сакаше и со никого да зборува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И за големо чудење не го сонив Јона, туку некој непознат човек, непознат војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)