некој (зам.) - ненадеен (прид.)

Бојан често знаеше така, возбуден од некоја ненадејна, необична случка, да заплива со мислите во некој друг свет кој немаше граници ни во минатото, ни во иднината, свет што не се потпираше врз ништо цврсто, врз ништо познато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)