некој (зам.) - невидлив (прид.)

Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но униформата и оружјето, а и горчината која одвреме-навреме ја сеќаваше во устата кога некое невидливо животинче ќе претнеше во грмушките, му кажуваа нешто што и самиот веќе го знаеше – времето во кое чекори е војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само за миг се гледаше себеси во иднината, како некој невидлив Дикенсонов дух на идниот Божик да му покажал како може да биде...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повремено, таму во белата тишина на коријата ќе се одронеше снег, предизвикан од летот на некоја невидлива птичка, или од скокањето на некоја верверичка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Василе ... Еј, Васко Тушев, викнал некој. - Виде ли? Загина баџанак ти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полека му се разбистри и некако му се осветли виделото, и виде дека е полноќ и дека поклопените сказалки се залепиле за полноќта и не сакаат да мрднат понатаму, како некоја невидлива рака да ги задржува и нив и времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Локомотивата како да удри во нешто таму напред, некоја невидлива сила проструи низ вагоните и луѓето, а долу под нив одеднаш сите тркала под сите вагони не се вртеа туку се лизгаа по железата со страшен писок, кој пак, некако на чуден начин се вовре во испозаспаните низ целата композиција.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Туку влеваат едни во други и пак се разделуваат, некои невидливи раце како да ги тегнат на разни страни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Најпосле некоја невидлива сила го изгонува гневот од Пелагија и таа се наведнува и ги залепува своите усни со усните на Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)