некој (зам.) - млад (прид.)

Ако беше седнал со некои млади момчиња можеби немаше толку да ѝ се бендиса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овој случај по горите мласкам — јадам со шум молзничар — овчар што ги пасе овците со млеко мотавило — направа на која се мота предено, 2) во прен. см. долго дете или девојче кое бргу пораснало мотаница — предено намотано мртвени — задушница мулазим — турски офицер, потпоручник мунасип — согласие, право е тоа што се предлага мутли — празниот простор од ѕидот на куќата под покривач мушавере — другарство м’ком — молчејќи м'сне Ала — ,ќе даде господ набабарам — потсмешка некоја млада да се стори баба набастиса — најде навале — навалица навевам — добивам нешто што не сум го чекал. My навева господ на Илка жена нави —болест кај жените леунки која ја предизвикуваат лошите духови — самовилите наврзници — 1) наврза многу непотребни зборови, 2) Маѓија во косата надретам — се поскарам со некого лесно наѕрница — жена што наѕрнува секаде налет — остави тоа ами ... налешам — навраќам намесница — бив. жена е намесница на сегашната (Би требало обратно) наметам — забуричкувам брашно за крмнакот напара — пракса, практика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеднаш му се јавува објаснението: тој слушал дека некои млади се ставувале по лозјата, имало дури случај да ги фатат. Таков е сега светот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уште се раскажува за случката со жандармерискиот наредник, кој, не гледајќи кој му е зад грбот, нападнал некоја млада селанка под мостот кај Горна Бања, во Кишишча.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа лето во Света Софија Охридска утринум влезе некоја млада црнкиња.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мојот Наполеон ја делеше собата со смрдлив писател што ја напишал „Волшебното самарче“, ама во една пригода, како што раскажуваше, се запил со некое младо момче, па тоа му ги украло тетратките и си ја објавило „неговата“ книга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
После тоа (или пак сетнем?) излегува некоја млада и надежна најавувачка: А сега драги гледачи проследете ја програмата за утре и чао.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некој млади што ги вратиле, вака дечкофанчиња како Анѓелета, си останале да си работат во Франција.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За таа работа, како што реков, треба да и навртиме некое младо беќарче, лично како што знаеме младите за какво се лажат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Имало некое младо овчарче, ја искачило планината, ама враќајки се наудолу може се слизнало и паднало во некој процеп од карпине.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакам да ви се скарам кога се туркате, кога газите преку тревникот, кога кршите гранче од некое младо дрвце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Божем си имал анумка, некое младо девојче, сето во свила го облекувал, го мазнел, како кукла го дотерувал, но еднаш, свртувајќи се во сонот толку лошо го притиснал со својот голем стомав што душата му излетала наеднаш; не втасало кутрото девојче дури ни да писне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)