некој (зам.) - мек (прид.)

Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа може ќе ставеа малку музика, за на крајот да се кулминира со некоја мека порнографија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Некое меко дупче му стои озгора на главата и се плашам убаво да го погалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)