некој (зам.) - заднински (прид.)

- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ти ми велиш дека јас сум заслужил да возам џип... за да ми прди зад грб некоја заднинска вошка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јован седна на клупата запали и рече: - Истресен си, Коста, и ми се чини нетокму си. - Ете, сега и луд ме направи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)