некој (зам.) - дополнителен (прид.)

Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајка, борејќи се со сите сили, растегнувајќи го што повеќе тестото со сѐ поскудното брашно колку што можеше повеќе да го растегне за да го совлада гладот на своите деца, не сакаше по никоја цена да го тревожи својот сопруг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, работејќи на проектот, ја запоставија нивната дополнителна работа, преведувајќи стари османскотурски документи по нечија порачка, за некоја дополнителна добредојдена паричка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)