некој (зам.) - длабок (прид.)

А јас, уште од самоти почеток неумоливо шибан од измешани чувства, во се посмирувачка одушевеност и омаѓосаност, како да бев попаднат во некое длабоко урочување, вчудовиден и занемен јa гледав...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој слушна и некое длабоко очајничко стенкање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Облиците по земјата оживеа како да се разбудиле од некој длабок приказен сон.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа што сега јас стојам пред тебе и размислувам со мојата глава е редок исклучок од правилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Паѓаш во некоја длабока црна дупка во која се распрснува главата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Би сакал да си тука и, без да има итна потреба и без да има некоја длабока симболика во тоа, да ти подадам нешто и ти да го земеш нежно со раката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Инаку, знаев дека тој немаше некое длабоко нетрпение кон Методија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
После ќе ме бркаат и јас ќе паднам во некоја длабока дупка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште подоцна настанува некоја длабока омраза, иако не кон целата вселена, којашто започнува со Big bang-от и продолжува сѐ до стоковните методи и којашто со сите свои полиња и релации обликува проект што „експериментално“ го задржува калкулативното мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека ја гледав, посакував да се отвори под мене земјата и да исчезнам во некоја длабока дупка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Зошто? - Затоа што сум јас од Долно Дупени, - Тоа може да ти се откачи махинално, од некоја длабока потсвест.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замислата на директорот на филмот, кого можеа само да го замислат во некоја длабока фотелја на главниот град, од една страна - да се остави филмска документација на идниот гигантски хидроенергетски објект, а од друга - да се направи документарен филм, што ќе го склопат режисерот и продуцентот во монтажата, и кој не само што ќе се прикажува во сите кино-сали низ земјата како предигра на играните филмови, туку и достојно ќе нè претставува на сојузниот и странските филмски фестивали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа му го прегрна рамото со двете дланки, се навали со лицето на него и малаксано му рече: „Те сакам“, му рече, само не знаеше зошто одеднаш, штом овие зборови ги изговори, во душата почувствува некоја длабока и болна празнина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја наполни лулата со тутун, ја запали и буден ја дочека зората гледајќи како ѕвездите полека се губат на небото, небаре тонат во некоја длабока, сина вода.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Јас пак, како да сум пропаѓала во некоја длабока тиња, вели Дуковица Вендиоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)