некој (зам.) - дамнешен (прид.)

Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најмногу ме чудеше тоа што и мајка ми се смееше весело, раскажувајќи за некое дамнешно летување во Макарска со тетка Славица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)