некој (зам.) - далечен (прид.)

Маслинките расцветани како во некој далечен еп а уште подолу свеченоста на морето...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Жената ѝ беше некоја далечна роднина, поправо посвојче во пошироката нејзина фамилија; но колку и да се чувствуваше приврзана кон нив, тие сепак ја сметаа за туѓинка, ако не и за слугинка, и ја дадоа за жена на првиот човек од улица што ја посака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Струеше тоа леко и меко, доаѓајќи од некои далечни западни врвови на Плачковица, носејќи со себе миризби на далечини, на задпланински полиња...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан лежеше со отворени очи, долго лежеше така и се чувствуваше како повратник кој долго време бил во некој далечен, туѓ предел, па сега, враќајќи се во својот сакан, познат крај го доживува како ново откритие и влегува во него со извесна претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си имаше оваа валта и убаво име, Заветна, измислено некогаш одамна, од некои далечни Бојанови предци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Птицата беше заскитана од некоја далечна долина чудесно збунета додека ја престигнуваше реката на своето двоумење. Постоеја девојки зад планината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но во мислите на Диме таа се претвори во страшен змеј, што долетал од некоја далечна планина и дошол да го грабне.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Добро, спомна неодамна, и тоа сосема случајно, некој чуден Старец што и се придружил во некоја далечна летна ноќ во близината на Моенци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако постои некоја далечна можност од наведеното „хомосексуално однесување“ – да речеме, од многу гледање филмови како што се Булеварот Сансет, Сѐ за Ева и Се роди ѕвезда – да ви пострада здравјето, всушност, нема никаков закон против тоа, дури ни во Мичиген, па без никакви пречки продолжив да си го предавам предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој процес го претставува нивното најрано и најобликувачко искуство како приматели и субјекти на културата. (Импликациите од ова повеќе ќе ги испитаме во поглавје 16). ‌Ете зошто одбивам да си го ограничам приказот за машката геј-култура на некоја далечна епоха, на некоја историска доба што е начисто и вистински свршена – макар и од пред само некоја минутка, во зависност од тоа кој го пишува опелото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа пролет имаше мигови кога во Гнездо сите заборававме на своите лудила, мигови во кои нашите лудила забораваа на нас, и мислевме на Добрата Душичка и на Макс, и често го изговаравме зборот “љубов”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Макс и Добрата Душичка си се приближуваа онака како што си се приближуваат небото и земјата во некоја далечна точка – се соединуваат само за окото што гледа кон нив во хоризонтот, а дека за нив нема соединување, ама нема ни раздвојување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од некоја далечна соба се слушна вресок – го прелета просторот и згасна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да беше само камена статуа стопена со сивилото на собата во која седеше сосема сам, во зимската тишина на некој далечен, невидлив снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во ушите ѕунат хаосни гласови, некоја далечна мелодија се раскинува од џагор, тропот на наланчиња по калдрма, нестројно тешко удирање по наковална и тивко пеење и страсно шепотење на нечии познати усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сето тоа излегува надвор и се смешува со некое далечно прилајување на куче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќаме пак кај Огнена Ѓорго. Добар е човекот, уште не се пограѓанчил сосема, а и некоја далечна своина паѓаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некоја далечна сорта. Може од градината на некој крал да беше украдена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едното е бледосино, загледано во некој далечен настан, другото зелено и потсмешливо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Селаните кришум се подбиваа со неа кога ќе се говореше за некој далечен настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Арно ама, ако мамичка му даде чорба побрзо, тоа веќе нема да му пречи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ја замислувам и океанската хоризонтала, како некој далечен недостиг.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Меѓутоа соништата на крвта и огновите пак надоаѓаат од некоја далечна неопределеност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Извесноста исчезна пред О'Брајан да ја спушти раката; но иако не можеше да ја поврати, можеше да се сети на неа; исто како што човек се сеќава на некое свое живо доживување од некој далечен период од животот, кога бил, всушност, некоја друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А инвеститорите сепак не се некои нови месии кои се интересираат за благосостојбата на некои далечни народи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уште една мајка, за која првпат станува свесен...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога прв пат седнува, кога прв пат ги прима сите нив, а најпрвин дечињата на Танаскоица, Пелагија го подотворува своето лице со некоја далечна светлина и тие двајцата веќе знаат дека можат да ѝ дозволат да се врати во одајчето на Димостен каде што сѐ е доведено во ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Квечерина некоја далечна камбана го ниша времето И гледаш нешто од тебе како се кине И си одминува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
14. Набргу пусто ќе е сѐ и некој далечен ќе се насели мир од пештерите, од небото каде што зајде сѐ и од летото обоено со билје изгорено.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Можеби станува збор за некоја далечна роднина, помислив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„За разлика од кај нас во градот, овде вистински владее, оној, како што го викаат, Снежник“, му дојде наеднаш, или успеа да го откорне од некоја далечна бразда во главата името на месецот што неговата тетка Боса посебно го почитуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој да ти биде некој далечен роднина на Димитар Благоев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слушам некој далечен грчки јазик, понтиско наречје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му рекоа дека се во фаза на организационо зајакнување и исклучиво не се во состојба да ги исполнат барањата на еколошките друштва, а за училишните секции - младите екологисти - е тоаби било во некоја далечна иднина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали се тоа тополи израснати врз сегашната депонија, извишени во некоја далечна иднина?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Усети дека се работи за некој далечен и таинствен пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)