некој (зам.) - ваков (прид.)

Таков можеше да се сретне уште само во торбешките дуќани и во некое вакво домашно катче во кое, без даноци, нешто се продаваше или се произведуваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Имаше меѓу нив неизговорено меѓусебно согласување по прашањето на вредностите секогаш кога некоја ваква работа ќе искрснеше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Па ве молам, ако можете, вратете ѝ ја малку самодовербата кога ќе се врати на училиште; напишете ѝ уште некоја ваква песна.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нив ги садеа во пролетните утрини во стотина огништа околу пиланата, се хранеа од нив преку целото лето, а наесен ги откопуваа (тие што ќе останеа и ги сместуваа во тој агол, да се најдат за некое вакво предојдување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЛУКОВ: Па да нè израдува со уште некоја ваква идиотштина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не можам да замислам начин за создавање „нормален” производ од суровините на личното јас, освен на некој ваков начин: еднаш кога ќе ги допреме матриците на нашите дистинкции, ги имаме правилата за нивно комбинирање и разделување во множества и потцелини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)