некој (зам.) - близок (прид.)

За попот си ја зеде грижата дедот Петко, а вечер ќе се приберат Стојо и Трајко, угате по некој поблизок роднина и — тие ќе бидат, нема да собира „Чочово бачило!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој немаше ореол, немаше боженствена кроткост, ниту небеска тајновитост, туку како да беше насликан или, поточно, доведен од некое блиско село, од нечија нива, од нечие гумно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)