некој (зам.) - шише (имн.)

Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Евала бег, евала! — благодарат селаните околу него и подава секој по некое шише со ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Геро го утеши дека се мангупи ама со мерка, па имаат уловено риби колку и за него, ако ги сфати како мезе и ако земе под рака некое шише од штабот или од магазинот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој носи по нешто - некој чаши, некој шишиња, а таа веќе го прима првиот гол. ’Еден-нула, бабо!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)