некој (зам.) - шега (имн.)

Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа не се распостила, туку се наметнува со несмасност (како што велиме за некоја шега дека е несмасна), со заглибување на нејзиниот механизам, со невештиот чекор на медиокритетот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги гледаше толпата луѓе околу себе: разџагорени, внесени секој во својот разговор, си кажуваа по некоја шега за да ја разбијат монотонијата додека го чекаа ручекот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се викал Гијом и многу сакал да јаде чоколадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Србин мислеше дека она со сликањето и весниците е некоја шега, но затоа го викнале.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кутрата, секогаш се враќаше со по некоја шега само да не ѝ внесува тага во срцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Филмот продолжува, глумците го тераат својот дијалог, кажуваат некоја шега и тој се насмевнува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)