некој (зам.) - чувство (имн.)

А кога ќе влезеш низ нивните порти, те обзема некое чувство на мир и спокој.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ни треба некое чувство на сигурност па сакаме да заштедиме пари за старост, а во меѓувреме требаат пари за чеиз за ќерките, за свадбата на синот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Хелвиг се прашуваше дали можеби откако си замина Карл, се разбуди некое чувство во неа кон внукот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа по свој избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За геј-мажите, тогаш, задачата да го преведат чувството во општествен израз содржи невообичаено потешки предизвици кога чувството за кое станува збор е еротско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја одразува самата структура на општествениот живот на чувствувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поконкретно, таа сведочи за неминовниот расчекор помеѓу она што се чувствува и она што во кој било конкретен контекст може да се искаже.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, во едно хомофобично општество, секаков израз на чувство побуден од геј-сексуална желба или љубов ќе се доживее како несоодветен, екстравагантен, валкан, гротескен, претеран, театрален – а, со тоа, како изведбен, а не како автентичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А некој таков напор може да им биде крајно нужен на геј-мажите, кои немаат на располагање готови општествени форми за да си ги искажат чувствата и на кои, затоа, секое искажување емоција мора да им се раководи според некоја постојна, хетеронормативна општествена норма или некој таков жанр, на кој нивното искажување може да му биде само имитација или пародија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поради сите тие причини, но особено поради неговата бесрамна изведбеност, изразот на машкото геј-еротско чувство нужно се зафрла во пределот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично е потребен одреден волев напор за да се усогласи изразот на некое чувство со природата на самото чувство – како што покажува мелодрамата на секојдневниот семеен живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Такво некое чувство неминовно подлежи на опасноста да се доживее како смислено, одиграно, натурено во лицата на луѓето, неавтентично или (со еден збор) наместено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште утредента се разбудив многу порано одошто обично, со некое чувство на радост поради денот што ми доаѓа во пресрет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И, тоа ми паѓаше најтешко, имав некое чувство дека сепак не се срами од она што го прави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)