некој (зам.) - утеха (имн.)

Близината на селата од каде што се слушаше лаењето на кучињата не ја сеќаваше како некоја утеха – и тие села, и нивните жители, и нивните обичаи му беа подеднакво туѓи, исто толку одбивни колку и шумава низ која одеше, и во него будеа само студ, кој му го штипкаше срцето исто како што овој, надворешниот студ, му ги штипкаше образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, морав да најдам некоја утеха или, некој вид помирување, како што се вели, со фактите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седум години тогаш ми изгледаа како пристоен рок што си го даде за преживување, како некоја утеха и амортизација од првиот удар кога го слушнав тој застрашувачки збор, РАК.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И така: по некој стих, по некоја утеха ќе ни пишат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)