некој (зам.) - темнина (имн.)

Ги спомнуваше чевлите, дури и некоја темнина што сето време шетала околу неа и ѝ пречела да одлучува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во сите простории лебдеше некоја темнина, некој темен превез.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Невидлива сила со тонска тежина го влечеше кон длабока бездна, во некоја темнина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)