некој (зам.) - тема (имн.)

По некое време, Бах побарал од кралот да му предложи некоја тема за од неа веднаш да импровизира фуга, без никаква подготовка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Никогаш не пишуваме за некоја тема, туку самите сакаме да бидеме тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неговата склоност беше да се задлабочува во некоја тема разложувајќи ја за да одговори на прашањето што си го поставил или да обмислува некој предмет барајќи ја неговата суштина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога Ѓорѓија ќе почнеше некоја тема, таа си пивнуваше од чајчето и го гледаше немо од крајот на тркалезните очила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дај да зборуваме на некоја тема.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)