некој (зам.) - страна (имн.)

Бојан, бре…, Бојанчо, маченику мој, постои ли нешто друго по смртта, ах да ме видиш од некоја страна колку ми е мачно, сигурно не веруваше дека вака ќе ми биде. Колку многу смртта твоја ме боли…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Паркот беше огромен, ние не знаевме дали се движиме во вистинскиот правец, оти беше многу темно, а часот беше...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште тоа нѝ треба, куче да нѝ излезе од некоја страна, си помислив, ама немаше време за губење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да те чуе некој од некоја страна ќе помисли дека си мрдната од умот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- ја замолив, а себеси си реков: „Ех мој Ведане, да може од некоја страна да те види Абраш, како се пазариш со мајка ти, за жив нема веќе да те смета, а не за водач на банда.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Леле, - си помислив, да дојде од некоја страна да ме види, не дај боже, баба ми Санда, тешко мене ќе биде што се дружам со вакви сомнителни типови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Само да можам од некоја страна да ги наслушнам тие нивни важни и тајни разговори.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)