некој (зам.) - стебло (имн.)

Тогаш пак застануваше до некое стебло, си го смируваше полека сѐ поулетнатиот здив, а ако не гледаше зад себе, тогаш неговите очи ќе беа зачекнати напред, по угорницата, што требаше допрва да се преборува, допрва да се кутнува и да се остава, опорито и неизбежно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се појавуваше, а беше засолнет зад некое стебло или зад некоја длабнатина од која ме следеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Далеку долу, над долиштето, каде што беше обраснато со букова шума, успеа да се фати за некое стебло, се заврте околу него и ја крена раката со погледот управен горе кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)