некој (зам.) - сенка (имн.)

За жал, дури и најдобрите вакви процедури на „ниско-нивовска” визија не можат да доведат до перфектни резултати: можеби некоја сенка на yидот ќе биде интерпретирана како раб меѓу два различни сегменти на сликата; или ако зад покривите на куќите гледаме црвеникав залез на сонцето, компјутерот нема да може правилно да ја изврши сегментацијата на црвените покриви од небото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еднаш, кога училните светилки мрзоволно ќе трепкаат, ќе го сретнам во некоја сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се истргуваме сега од турканицата, а по нас идат некои сенки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И од тој ден, не само што не му забрануваше да собира тревки, туку и со нетрпение го чекаше на брегот да седнат под некоја сенка и да расправаат за многуте тајни што се кријат во природата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Салко Вадидуша прв се стрчна кон колата на својот тест. Другите, чешајќи се, го следеа без брзање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И за сосема да ја изгони сликата на Пела уште неколку пати се бореше со вителот под врбата и на крајот сосема исцрпен одеше да спие под некоја сенка со полн стомак од праски набрани од самото дрво под кое легнуваше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се обидував да му побегнам на тоа прашање кое ми го поставуваше некоја сенка во мене, како што избегнував да погледнам во огледалата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас зборувам, зборувам, мислам оти Семјон е тука, дури и дишењето како да му го сеќавам, кога наеднаш нешто ќе ми се подаде откај прозорецот, ќе ми се провре во мислата некоја сенка од сенка, или шепот од говорот на сенката, и ќе ми го засени погледот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)