некој (зам.) - светлина (имн.)

Тие се видени во некоја светлина различна од дневната.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каква огромна разлика помеѓу овие дела и сето она што можевме да го очекуваме врз основа на неговите дела пред и после тоа!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конзервите од џумбирово дрво, батериската лампа, кутијата за кафе со четките: тие предмети, а и другите, не беа најдени туку направени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За миг, штотуку разбудена, таа помисли дека звукот што го слушнала е само остаток од сонот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Будилникот сè уште не заѕвонил, но некоја светлина сепак се пробиваше во собата, сосема несвојствена за мрачните зимски утра.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А кај тебе таа светлина во очите е уште и како некоја светлина од височини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како да ѝ надојде некоја светлина во главата... Ѝ се провидели...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Едно попладне, кога се вратив дома по долгото лутање низ градот, мајка ми потсмешливо ми рече: „Те бара едно весело момче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се беше волшебно: како некоја светлина да се огледуваше во езерото – блескаа искри околу Еразмо и старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вели: „Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана“ , велеше Лазор Ночески и запре возот, штракнаа катанците, штрангите, се отвори вагонот и се рашири некоја светлина што се турна во вагонот што се бувна во нас и што после тргна по нас, и нѐ загледува така - гурелави, со пострупени клепки и усти, потечени под очите, со потргнати образи, обесени, разбушавени и со сламки, со осилки во косата, со кучешки болви; нѐ тераат војници, небаре метилави овци, пропрснати и со подмакани слабини, ни тропаат коските, војникот што ни отвори 119
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)