некој (зам.) - роднина (имн.)

Барем да беа некои роднини, ајде, де, ами овие — сите три јабанџички, а меѓу нив — Неда. Што да прави сиромав!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не ја имав видено кај нив порано и ако често навраќав - можеби им е некоја роднина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Уште пред да ја затворам вратата од собата чув како Вера го праша тато: - Жената што ја сретнав на вратата, која пред малку излезе од кај нас, сигурно е некоја роднина што не ја познавам. Некако чудно изгледаше, страшно налутена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој мајка си ќе ја излаже а не некој роднина некаде во Америка кој абер нема што се прави овде кај нас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука, после, Дракче неколку години беше со тетка му, сестра на татка му, ама пошто таа беше пресиромашка и самата да се храни после Дракчета го зеде некој роднина во Охрид...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И почнуваш бизнис во кој ти треба само благајник за броење пари и некој роднина кој е вишок како технолог на завод и има платено телефонска сметка, па само ти закажува средби со несреќните, а нив ги има - ехехеееј!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали некогаш, порано, сум го гледала на сон, или некој роднина престојувал таму?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не оставајте го залакот недојаден, ни вели, некој роднина ќе ви остане гладен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Можеби имаш таму некој роднина на раководно место? - се интересираше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доаѓаа некои роднини, познати и непознати, пријатели или непријатели од секаде на минување и раскажуваа различни прикаски за нејзините тројца браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бевме веќе готови да излеземе од куќата, го подготвувавме стадото и нешто друго што имаше останато во куќата кога дојде Цале Ангеловски кој ни паѓаше некој роднина, но не знам што, и му вели на татко ми ...а бре Митре да не си полудел, кај ќе оставиш татковство и ќе одиш во друга земја?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со останатиот свет одржувам врска само благодарение на некои роднини и пријатели кои редовно ме посетуваат и ми кажуваат што има ново во градот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не помина саат–два, еве едно момче ми викна: Милка, оние момчињата се останати во селото кај некој роднина, ќе дојдат сосила да те земат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се потпирам на една бука, така со челото на мовта, како на небричен образ од некој роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)