некој (зам.) - ресторан (имн.)

Сакав да знам што се случува таму, но тоа беше сѐ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесов­ме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѕвончето заѕвони и по неколку секунди Французинката стоеше во станот на Ѓорѓија во бела маица со кратки ракави на која беше испишано името на некој ресторан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овде се или во некој ресторан, ахчилница, слаткарница - на сладолед и млеко, или во шкембекчилниците, или во некој магазин каде што се пазарат со продавачите, или пак - се вџашуват пред ветрините на златарските дуќани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)