некој (зам.) - рака (имн.)

Со помош на трите најтиражни весници во Сан Франциско, на читателите им беа поделени 11,5 милиони 3D наочари, со едновремено известување кој ден и во кое време ќе биде проекцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
3D ПРОЕКЦИИ Оваа техника во некоја рака е продолжение на претходната, со тоа што технолошки е уште понапредна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Во некоја рака тој е симбол, господине Пламенче.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тогаш, како некоја рака да ѝ ја затвори устата, како некој да ѝ го одзеде здивот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е само уште еден пример за тоа дека судовите имаат надлежност, а во некоја рака и обврска – спроведувајќи го законот и колективните договори, да ги штитат работничките права – се разбира, само доколку пред нив се покрене спор (Nemo iudex sine actore – Нема судија без тужител!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој – кој и самиот има организирано работнички штрајкови – вели дека доколку во иднина повторно би се случило прекршување на работничко право, пак би го одбрал истиот пат како и тогаш. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на износот што го бараше Вујошевиќ изнесуваше околку четири плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се нашла некоја рака да го прецрта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе видиш некоја рака ги подотвора прстите, се мачи да се пресегне, да фати некого за коса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
14. УБИВАЈ СО ЛАФ, А НЕ СО ПУШКА - тоа ли е тринаесеттата заповед за денес, ги шири некој рацете божем да те гушка, а гледаш: ти го плете надгробниот венец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но неговата проекција, неговиот татковски трансфер на мене, помина незабележан од обајцата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во некоја рака, мојот прв пациент беше татко ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Последната училишна година тој доживеа „нервен слом”, и отсуствуваше од работа три месеци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во некоја рака јас станав негов татко.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште повеќе, за да завладее тишина, во некоја рака и времето би требало да стане хоризонтално, да го нема неговиот одек во иднината, тоа да биде само таложење на геолошките слоеви и од него да избива уште само некаков фосилен шепот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите најважни издавачи на Борхес беа тука: Диего Идалго од Алијанса, Клод Галимар, кој ја придружуваше Марија, Франко Марија Ричи, за кого Борхес ја уредуваше серијата “Вавилонска библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето тоа во некоја рака се покажа на неговиот погреб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доаѓаме со круна доаѓаме со бели знаменца во некоја рака ветрот овде дува поволно за нашите раменца и кошулите нѐ галат во јаболката на вратот, има еден чуден пресек на тоа место низ него нѐ води вечерта по патот на свилата, сјајот, заплетот во пресврт еден скромен престол да седнеме пред да падне ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имаше неколку званични делегации од Шпанија и Аргентина, неколку локални академици, шепа Аргентинци што живеат во Швајцарија, и десетици новинари, фотографи и сниматели кои го демнеа секое парченце од вест. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 220
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа моќ ја делиме, оваа моќ нѐ дели со стиснати заби и распнати стрели пристигаме со желба, одлучни и смели да си ги маѓепсаме ушите да си ги стоплиме душите на некој за нас запален оган гори преполн миг, незаборавен и богат кога сме се дале и кога невозможен се чини секој иден пораз. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 136
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Највидливо присуство беше потполното отсуство на семејството, личните пријатели и другите писатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ќе ни се види дека просто мора брзо да се сторат сите важни дела од тука па до целта ниедна стапица не е трајна и никоја граница крајна и ниедна делта на која изборот не ни е познат и по кој пат да тргнеме пред да се отворат и пред да нѐ стеснат оние прашања во намера чесна кога сме на проба за некој можен престап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)