некој (зам.) - прст (имн.)

Клепкам и не им верувам на очите: за железата се држат некои прсти, некои црни прсти. Прстите ги гледам, а човек не гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност некои прсти ме имаа фатено за рамото и ме туркаа кон собата во која ти го беше поминала сосема сама поголемиот дел од твојата последна ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби таа сила што ме поттурнуваше не беа прсти или рака туку желбата или потребата над која немав контрола.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако се наведнев, ќе видев во тој камен мртви покриви на пусти куќи и зелени трупови на една треска. Отстапив еден чекор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Борис Калпак воздивна. „Ми го подари Трипун Караѓоз. Се плаши - ќе му ги исече некој прстите и ќе му го земе, како што тој го симна од мртвата рака на злодејот со чалма.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)