некој (зам.) - пријател (имн.)

И ако не беше сваќата Севда премажена во вашето село, требаше да додевам на некој пријател.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓурчин имал некој пријател поп, (можеби тоа бил поп Пулиз од кого Ѓурчин откупувал к`шли (пасишта) и кого што го споменува во својата автобиографија, кој живеел во Солунското Поле и имал убава ќерка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, без најавување и резервација, не смее да се пристигне во Будимпешта, освен ако се оди на гости кај некој пријател.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Зар ти треба дозвола од него за да се видиш со некој пријател!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Споменуваше некој филм, кога кај неа дома му го побара стикот кој што треба да и го даде на некоја пријателка...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во посета повремено ни доаѓаше по некоја сосетка, по некоја пријателка, и тогаш ќе се споменеше дека ќе започне војна, “уште една голема војна,” така велеа сите, а потоа војната навистина започна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Училиштето го напушти и седи кај некоја пријателка во селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)