некој (зам.) - приказна (имн.)

Тие културни парталчиња и крпеници мораат меѓусебно да си одговараат, тие мораат да раскажуваат некоја приказна и да изведуваат некој наратив кој оддава смисла, кој е веродостоен и кохерентен, и кој ги придвижува луѓето до онаа точка кога тие се спремни да ги жртвуваат своите животи за него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Откаде да погледаш во пиринскиот крај, како џин од некоја приказна, гордо се крева врвот на Пирин Планина, Ел-Тепе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во рудината гори оган. На огнот, на ражен се печат неколку дебели овни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Внатре во собата беше прекрасно, како во некоја приказна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Патем речено,“ рече Ризо, „Пјерс те бараше вчера но го смував со некоја приказна дека бараш некој дел за Те-це-це. Ми требаше некое време да ми текне каде исчезна.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во некои моменти ми се чинеше дека сонувам, или како да оживеала некоја приказна и јас учествувам во неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Не зборувај глупости! – ѝ свикав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Се загубивме? – праша мирно Дена, како да не нѝ се случува ова нам, туку како да читаме некоја приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè до ова писмо, тоа што му го кажуваше Марша, за таа друга мајка, на Карл му изгледаше сосем невистинито. Како дел од некоја приказна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Тешко е да се каже, тоа само наликуваше на завршни зборови од некоја приказна, дури не беше ни во цели реченици: Босна, Хаити, Руанда.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но тој мислеше чело-чело раце-раце гради-гради стомак-стомак бутини-бутини итн., таа раширена врз него во мракот; не шеесетидевет туку пет-четири- три-два, освен кога некоја приказна не го застанува привремено нивното одбројување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Целата полјанка беше украсена и ишарена и личеше на некоја приказна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)