некој (зам.) - полжав (имн.)

Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И јас ништо не гледам, вели Ѓувезија Дубровска, но слушам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да ми пасе некој полжав, како да ме лази некоја гасеница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)