некој (зам.) - пиперка (имн.)

Од земја ние имавме едни урупчиња по селото во кои садевме по некоја пиперка и по некој домат, трошка празе и граше и босилок и џинџуле колку да се најде за на мртовец и девојките да стават на плачките на благ ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Невестата Менка ја распали борината на светелникот и отиде во земникот да извади маст, сирење и некоја пиперка да запржи на тавата за гостите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За некаква варена готвена храна немаше време, но сепак огновите се запалија, барем по некоја пиперка да се запече, лебецот на жарот да се затопли, а што е најглавно, да светне троа пламенче колку да не си клаваат во ушите овие бедници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)