некој (зам.) - паричка (имн.)

А и некоја паричка им притреба на сите тројца, бидејќи Толе што имаше ги остави на Миша во Софија. A по Мариово од кого ќе зема, ако не од Адемовци, Маџаровци, Велиовци од Крушевица?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Друг еден стражар почна да тупа по вреќите, да види што има внатре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја фотографирав нивната трошна, напуштена куќа, нивите преку каналот, дрвото во дворот, пасиштата, сокачињата во селото, бакалницата... потоа ги редев фотографиите (тогаш немаше дигитални апарати) како сложувалка за да го составам Сакулево, родното село на Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Дај ми Донике некоја паричка, дај некоја паричка да имам, да ми се најде, и велеше на баба ни!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По долго натегање, посмото со искинти и невешто искрпени реченици имаше ваква содржина: Ангелијо јас сум добро и здрав сум сполја на бога живеам убаво и ти не грижи се за мене само те молам дај му на малиов ако имаш некоја паричка да ми купи леб и тутун а ако немаш остави јас пак ќе сум ти благодарен.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ВЕДА: Мислиш си скрпила некоја паричка, па сега можеш да си направиш фризура и да си купиш некое скапо парче и да се правиш дама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И прави сѐ што може за да ги зголеми сталешките разлики што ја делат Милдред од светот кон кој се стреми самата Веда и на кој, во својата фантазија, му припаѓа по правдина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Мислиш си скрпила некоја паричка, па сега можеш да си направиш фризура и да си купиш некое скапо парче и да се правиш дама. Е не можеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја паричка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)