некој (зам.) - париче (имн.)

Мнозина од вас преку цела година, со парите што ги добивате за да си купите нешто или пак да се почестите, чувате по некое париче за да можете пред 8 Март да ѝ купите нешто на својата мајка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во тие години се случуваше да ме праќаат и да купувам по нешто, а јас по свршената работа често наоѓав начин да задржам некое париче и за себе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ретко, ретко некој гостин ќе ми дадеше некогаш некое париче, а јас излудував од радост и веднаш трчав да го разменам тоа париче за неколку шарени шеќерчиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога малку попораснав научив да ги вовлекувам прстите во џебовите од палтата на татко ми и дедо ми и скришно да си земам по некое париче.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)