некој (зам.) - овца (имн.)

По белиот коњ, што јасно го видоа како трча по нив, тие знаеја дека е тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нив се назагнаа Толевци со бесно викање и стрелање, та не им дадоа да се вратат во сношното селце, ами со залпови ги избркаа, како овчар волците да не му грабнат некоја овца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете дошле, сакаат да купат по некое прасе, некоја овца, брав. Туцари луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше веќе крај на јануари и секоја ноќ можеше да се ојагни некоја овца.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само долу, во кошарата, повремено ќе се раздвижеше некоја овца или некое говедо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се очекуваше дојдениците тешко да се разделат од родниот крај, па затоа да дојдат со по некоја мачка или куче, петел, по некоја овца или коза, но никој ни на сон не беше си ја претставил оваа козја наезда во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако некој ја гибнеше некоја овца, тој веднаш беше спремен да ја одбрани.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кинг Џејмс ја погали пушката во знак на закана. Стариот Елисон одјава до кампот на Инкарнасион.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ставам ограда од жица, четириесет на шеесет милји, и ако внатре налетам на некоја овца откако ќе ја завршам, можеш да ја сметаш за мртва овца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)