некој (зам.) - нива (имн.)

- А не- рече поп Доне. – Штом запролети, ќе ископачам некое нивче некаде по ридиштава, или кај че се најде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Та, ако е касмет и ние да се сториме домаќини, да купиме некое нивче.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: После пак ќе ти пратам да си купиш некое нивче, да не одиш аргат по туѓи ниви.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
НЕ КОМУ МУ ЈЕ ПЕЧЕНО, АМИ ЗА КОГО ЈЕ РЕЧЕНО Си бил во некој град еден сиромав терзија, од него побрз нигде немало, ноќе - дење шиел и шиел; цел ден глаа не креал од работата, ни гледал кој врви пред негојио дуќан и кој оди од пустото шиење негоо, ту како од како да сработи поеќе работа и да спечали троа пари да си купи една куќарка и некое нивче, барем во лето да си сади ја тутунче, ја разјање, како што си саделе комшиите, за и тој да биде малко пораат, дури да му втасаат децата и да 'и глави, да белким ќе го изваат на сељамет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа го виде пустио терзија царо, стори да стани, и царо го задржал да не стануа и му рекол: - Честити царе, прво не те видов оти врвиш ти, а пак јас сум многу сиромав и сум се стегнал да спечалам некоја пуста пара, та да си купам една куќарка и некое нивче за да си садам тутунчок или разјане, дури да ми втасаат дечињата и да си 'и главам, та да се раатисам барем на старос.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Змијата што гореше во огон и овчаро што ја извади Се запалило едно трниште од некоја нива.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора, царо му се вратил при терзијата и му рекол: - А, бре терзијо, оти ти не стануаш коа врвам јас пред дуќано твои?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си отишол царо на сарај и му наполнил една голема риба со алт'ни, та му ја пратил по еден измеќар негов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ушите ќе ти ги пресечам, ако влезе во некоја нива!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таа живеела во едно планинско село и, по обичај, кога фамилијата работела на некоја нива, домаќинката носела ручек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Неговото теле влегло еден ден во некоја нива од беговскиот чифлик.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)